Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов нема информации дали бегалецот Игор Спасов, кој е фатен во Софија поради пријава за семејно насилство, а во земјава е виновен за убиството на Мартин Нешковски, е бугарски државјанин.

Посочува дека постапките за екстрадиција се подолги процедури.

-Како што знаете покрај тоа што се вклучени министерствата за внатрешни работи, тука се и министерствата за правосудство и за надворешни работи, неколку институции и судот. Така што кога ќе завршат сите процедури, јас  не можам да  знам. Тоа е една сложена процедура, која бара неколку месеци, вели Ангелов.

Македонскиот министер за правда, Бојан Маричиќ и официјално побара екстрадиција на Игор Спасов. Од ова Министерството денеска информираа дека во текот на вчерашниот ден по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.