Автомобил се запали вечерва околу 19 часот на паркинг во улициата „Методија Шаторов Шарло“ во Аеродром. Соседите рекле дека слушнале силна експлозија и веднаш излегле надвор, а тогаш забележале дека автомобилот е во пламен.
Командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за порталот Нова изјавил дека нема потреба од вознемиреност и дека не постои никаква опасност за зградата.
Освен материјалната штета, повредени нема. Засега не е позната причината за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.