24 -годишник со иницијали А.С се здоби со изгореници од четврти степен, во пожар кој избувна околу 11 часот во станот каде живеел на вториот кат од оваа висококатница во центарот на Тетово.

Лицето во тешка здравствена состојба поради сериозноста на повредите веднаш е препратено на скопските клиники, и е под постојан лекарски надзор.

Пламените јазици не се прошириле во останатите станови, но поради густиот чад кој се ширел низ зградата 10 станари побарале лекарска помош, откако се затруле

Пожарот избувнал, откако во зградата експлодирала плинска боца во станот на повредениот. Останатите станари во паника поради густиот црн чад едвај се симнале ,а неколкумина му помогнале но соседот да излезе од опожарениот стан

Кога стигнале пожарникарите на лице место глетката била страотна. Се уште не биле евакуирани сите станари. Една екипа за зафатила со извлекување на лицата, а друга со гасење на пожарот.

Полицијата има извршено увид, подигнати се траги за вештачење. Ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот, односно каде дошло до експлозијата на плинската боца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.