Во петокот околу 15 часот во Полициската станица Аеродром, А.Б. (30) од Скопје пријавила дека околу 15 часот во училиште на бул. „Видое Смилевски Бато“ била физички нападната од Б.А. (21) од Скопје.

Подоцна, во 18 часот во полициска станица, А.Б. пријавила дека околу 16 часот во истото училиште била физички нападната и од С.А. (57) од Скопје.

Исто така, во Полициската станица Аеродром, С.А. пријавила дека околу 16 во училиштето била физички нападната од М.Б. (37) од Скопје.

Според неофицијални информации, зад инцидентот во кој се инволвирани најмалку 4 лица стојат експлицитни фото материјали кои биле пронајдени во телефон на директор на скопско училиште, а кои на засега непознат начин дошле до членови на неговото семејство.

Откако членови на неговото семејство ги нашле фотографиите, отишле да се разберат со партнерката на директорот по што во случајот се вклучил и нејзиниот сопруг.

Тој пред сведоци тврдел дека експлицитните фотографиите се монтирани, a колеги на инволвираните тврдат дека експлицитните фотографиите можат да предизвикаат нови тензии и инциденти затоа што во телефонот на директорот имало материјали за повеќе лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.