Поранешен вработен во УБК, сега пензионер и неговиот 31 годишен син од Струга шверцувале дрога. Двајцата се приведени од страна на полицијата. Одделението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид во координирана акција, синоќа околу половина час пред полноќ спречија шверц на 50 килограми марихуана и 50 грама кокаин. Дрогата била сместена во патничка торба во багажникот на автомобилот. Полиција го запрела возилото на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача. Од МВР велат дека таткото и синот биле добро организирани, пренесува „Алсат М“.

С.Л. се обидел да избега, но веднаш се преземени соодветни мерки и С.Л. е приведен. Исто така, во врска со овој случај е приведен и С.И. (31 година) од Струга кој исто така учествувал во транспортот на оваа дрога, односно имал улога да помага при самиот транспорт –  изјави Тони Ангеловски,  портпарол на МВР

За овој случај јавен обвинител од Јавното обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка поради сомневање дека двете лица сториле кривично дело, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци.

Осомничените на 18 јули 2019 година, неовластено заради продажба пренесувале 47.745 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања, и 49,68 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата ја ставиле во возило „Форд Ц Макс“ кое било управувано од 58 годишниот осомничен стружанец. Пред него на растојание од 200 метри во возило „Фиат Пунто“ се движел второосомничениот со цел да го извести доколку има полиција на патот- велат од ОЈО.

Од МВР соопштија и дека при проверка на две лица вработени во УБК била пронајдена марихуана. Дрогата ја пронашле двајца полициски службеници кои вршење преглед на патнико возило марка „Опел Корса“. Вработените во УБК се веќе приведени и известено било Јавното Обвинителство. Дополнително, одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги, против вработените во УБК поведе и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.