Силна експлозија ноќва ги вознемирила жителите на Битола кои се наоѓале во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“, а според првичните информации ТВ21, експодирал објект во печатницата „Киро Дандаро“, по што веднаш интервенирале екипи на ТППЕ од Битола.
Според сведоци на настанот, експлозијата била силна, а подоцна се гледало и чад.
Од противпожарната единица на Битола најавија детали околу инцидентот за денеска.
Стражарите од „Киро Дандаро“ за „СДК“ велат дека се случил мал пожар со материјал за рециклирање, надвор од објектот и дека вработени заедно со пожарникари го изгаснале. Велат дека е причинета мала материјална штета, но нема повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.