Силни екплозии, чад и пожар околу 2 часот утрово ги разбудија граѓаните на Центар кои живеат во близина на ТЦ Буњаковец.
Според неофицијални информации, станува збор за пожар кој избувнал во просториите на ЈП Улици и патишта, кои се наоѓаат позади овој трговски центар, а експлозиите најверојатно настанале поради струен контакт.
Инаку, за неполни два месеци, ова е втор пожар во државна институција откако на 26 октомври изгореа бараките на поранешниот Суд за прекршоци во Градскиот парк, за кој се шпекулираше дека дел од архивата била уништена од пламените јазли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.