На 30.07.2021 година околу 22.00 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во близина на поранешната касарна во Охрид, од слобода лишија четири лица. Кај Н.К.(27) од Пехчево, пронајдена и одземена е марихуана, една ќеса со розева и една ќеса со бела прашкаста материја. Кај П.М. (19) од Битола е пронајдено пакување со кокаин, кај А.М. (18) од Скопје била пронајдена марихуана, а кај Ј.Ш.(21), покрај марихуана, било пронајдено и одземено пакување со портокалова материја. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.