Шеесет и шестгодишен прилепчанец почина денеска откако возилото со кое управувал излетало од коловозот на автопатот Велес – Скопје. Од МВР информираат дека сопатничката се здобила со повреди.

„Денеска околу 09:35 часот на автопатот Велес – Скопје патничко моторно возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управуванo од В.С.(66) од Прилеп во кое сопатник била Д.С.(88) од Прилеп излетало од коловозот. На местото на настанот починал возачот В.С., додека во Општа болница Велес од доктор на Д.С. ѝ се констатирани повреди. Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.