Едно лице загина, а повеќемина се повредени во страотна сообраќајка што се случила пред половина час на патот Кичево-Охрид, дознава „24 Инфо“.
Несреќата е помеѓу „фолксваген пасат и „сузуки марути“ има повеќе повредени, а пожарникарите се обидуваат да го извадат возачот на „сузукито“.
Според првичниот увид, сообраќајката се случила во 14 часот, кај кичевското село Дреноец.
Во сообраќајната несреќа учествувале два автомобили „пасат“ и „сузуки марути“, со кичевски регистерски ознаки. Во судирот загинало едно лице. Сообраќајот е во прекин, а полицијата прави напор да се оспособи една коловозна лента, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.