Триесет и осумгодишен скопјанец е лицето кое е пријавено синоќа половина час по 21 дека лежи без знаци на живот на ул. „Шарпланинска“ во населбата Даме Груев во Скопје.
Според официјалните информации на МВР до лицето имало возило „пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д.Н. (65).
Полициски службеници и јавен обвинител излегле на местото на настанот и преземени се соодветни мерки и активности.
Утврдено е дека убиениот е Д.Н. (38) од Скопје, а делото е извршено со огнено оружје. Телото е предадено на обдукција.
Едно лице е приведено во полициска станица. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.