Едно лице е полесно повредено во хеликоптерската несреќа што се случила утрово кај Петровец.
Како што соопшти МВР за „Република“ денеска околу 11.30 ч. пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“, хелихоптер на МВР M 17, од кога наполнил гориво, од засега непознати причини при полетување паднал.
Во хеликоптерот се наоѓале пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.