Двајца моторџии се тешко повредени во две одделни несреќи вечерва.

Прво во 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на ул.„Ленинова“ со ул. „Даме Груев“ во Неготино, В.К.(33) од Неготино управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото.

По несреќата, во болницата во Неготино на В.К. му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

Во раните утрински часови, пак, околу 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Осло“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(52) од Скопје, удрил во паркирано патничко моторно возило „рено талисман“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(48) од Скопје.

По несреќата, Б.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.