Вчера, на 1 февруари, се наврши точно една година од исчезнувањето на скопјанецот Алибен Абдул. Тој е еден од 62-те лица кои се водат како исчезнати во Македонија.
Семејството и денес апелира за било каква информација за нивниот сакан сопруг и татко.
И небото плаче денес заедно со нас. Мама со исушени солзи, Јасмина со грутка во градите, Мелиса со скршени крилја, и јас…Секој ден си купувам за без пари насмевка, и се трудам некако да го преживеам денот, нема ден, минута, секунда а да не си ми во мислите, во колепка си ги нишам стравовите: Тато како да се живее без тебе? Денес 1-на година Тато. Нашиот Татко Е ИСЧЕЗНАТ!!!!! Потрагата се уште е во тек.
Пс.Има само едно дете најубаво на целиот свет, и тоа дете секој родител го има 🙏 (секогаш ќе не имаш нас трите тато)
Те сакаме Тато. Љубов наша најголема, напиша неговата ќерка, заблагодарувајќи се во нејзино и во името на нејзиното за љубовта, поддршката, и за сите кои ден денес споделуваат постови за Алибен.
Доколку имате било каква информација, контактирајте ја полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.