Едно лице почина во сообраќајна незгода на регионалниот пат Прилеп-Битола.

Според МВР вчера, 5 декември, во 11.15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред клучка „Лагово“, патничко возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.П.(52) од Прилеп, излетало од патот. На местото на незгодата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.Увид бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.