Едо лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 22.30 на регионалниот пат Велес – Прилеп, во атар на с.Присад, прилепско.

Како што соопшти МВР, патничко возило „фолксваген голф”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(26) од Прилеп, излетало од патот.

Во незгодата, сопатникот М.Х.(35) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп, каде потоа починал. Додека, пак, Д.Ш. се здобила со телесни повреди.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.