Во сообраќајката која се случи попладнево кај обиколницата на патниот правец од Скопје кон Тетово загинало едно, а повредени се четири лица. Во несреќата целосно изгоре и еден автомобил, а од МВР информираат дека сообраќајката се случила меѓу едно товарно и две патнички возила, како и тоа дека нивни екипи моментално се на терен.
Како што јавија неколку домашни портали, до сударот дошло откако едно од патничките возила било стопирано од полицијата, по што почнало нагло да кочи, па во него забил шлепер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.