Едно лице загина, а двајца се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.
До несреќата, што се случила околу 18 часот на делницата меѓу селата Песочан и Арбиново, дошло при директен судар на патничко моторно возило и возило за достава, при што на самото место загинал возачот во автомобилот, додека тешки телесни повреди здобиле двете лица од комбето.
Од силината на ударот е опожарено доставното возило кое целосно е изгорено.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид за да се утврдат околностите и причините што довеле до несреќата.
Тој дел од автопатот е во изградба веќе неколку години, на делници се одвиваат градежни зафати и реалативно е слабо обележан и обезбеден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.