Во охридската полиција попладнево пријавено било пукање од оружје во Општинскиот електромашнски центар „Св. Наум Охридски“.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврди дека се случил инцидент во училиштето во кој е повредено едно лице кое било пренесено во болница.

Засега нема информации за карактерот на неговите повреди, но неофицијално во инцидентот бил користен лажен пиштол, таканаречен „плашливец“.

Неофицијално до инцидентот дошло пред почетокот на третиот час околу 15:30 часот. Го предизвикал ученик кој учел во трета година, поради нетрпеливост со ученик од прва година, чии училници биле во непосредна близина. Пукањето предизвикало паника помеѓу учениците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.