Кумановското обвинителство поведе постапка против 23-годишен кумановец кој се сомничи за производство и продажба на марихуана.

Осомничениот од јануари до август 2020 година, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани, при претрес, кај осомничениот, како и во неговото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама – се вели во соопштението на Обвинителството.

Обвинителството до Основен суд Куманово е поднесен предлог на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, а во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка.

По предлогот на обвинителството, судот донесе решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.