Во текот на вчерашниот ден оклоу 14 часот, во атар на село Бањица, велешко, пријавено е дека по завршување на ловот, движејќи се во група, Д.Н. (60) од населба Чашка, во еден момент испукал со ловната пушка во десната нога на С.Д. (54) од Велес.

На повредениот му е укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница – Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.