Обвинетиот Бојан Јовановски денеска со полиција беше изнесен од судница, поради караница помеѓу него и судијката за време на рочиштето за „Меѓународен сојуз“.

Јовановски сакаше да објасни дека недостасуваат материјали од неговиот телефон, кој го вештачеше МВР и дека не е виновен што тие не се презентирани, бидејќи форензичкото вештачење го добил летото, но судијата Софче Гаврилова Ефромова го прекинуваше неколкупати. Токму поради тоа и поради, како што кажа Јовановски, постојана цензура од страна на судијката, тој побара нејзино изземање од случајот од страна на в.д. претседателот Иван Џолев, иако смета дека тој е корумпиран и не му верува баш.

Караницата ескалираше кога Јовановски посочи дека бил во пријателски односи со блиска роднина на судијата, по што Гаврилова-Ефремова нареди интервенција на затворската полиција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.