Четири возила учествуваа во сообраќајната незгода што предмалку се случи во Автокоманда, кај продавницата на „Алфи“.

Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, незгодата се случила во 13.40 часот на булеварот „Александар Македонски“, а во неа учествувале „бмв“, „мерцедес“, „мицубиши“ и „цитроен“, сите со скопски регистарски таблички.

Полициски екипи веќе се на терен и се врши увид. Засега нема пријава за повредени лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.