Вчера во 13.00 часот на крстосница од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Кисела Вода, патничко возило „гранд чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(53) од Скопје удрило во 12-годишен пешак од Скопје.

Момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.