Тетовската полиција бележи два случаи на физички пресметки меѓу жени. Првиот се случил вчера околу 10 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово.

Полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 28-годишната К.Т. од Скопје и 36-годишната Н.М. од Штип, кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе им се изготват поднесоци, соопшти СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден, М.Н.(27) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на 15-ти овој месец околу 23 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, во близина на тетовско средно училиште, била физички нападната од А.М.(23), исто така, од Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.