23-годишна скопјанка била нападната од две жени во Драчево, соопшти полицијата. Инцидентот се случил по сообраќајно недоразбирање.
Во Полициската станица Драчево, девојката пријавила дека на улицата „Славка Димкова“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од две женски лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен на 13.11.2022, во 15.30 часот, а за негово расчистување, полицијата вели дека презема мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.