Две лица се повредени во сообраќајна незгода која утрово се случила на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, а оштетен бил и метален електричен столб.

Според информациите на СВР Тетово, незгодата се случила утрово околу 7 часот и 45 минути.

Во сообраќајката учествувале моторно возило „Форд фиеста“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 31-годишниот Р.В. од тетовска Мала Речица и патничко возило „опел астра“, исто така, со тетовски таблици, што го управувал 58-годишниот тетовец М.Р. Двајцата повредени возачи пренесени се во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.