Ноќеска околу 01 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на Демир Капија, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „ауди А8“ и „фолксваген фејтон“, но возилата не застанале.

Околу 02.15 часот, според пријавеното, пред патарината кај Градско, било оставено возилото „ауди А8“. При преглед во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан.

Мигрантите се однесени во Прифатниот центар Винојуг – Гевгелија за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.