Вчера околу 15 часот било пријавено дека на патот Битола – Прилеп пред Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило Фургон „Цитроен Џампер“ со велешки регистарски ознаки управувано од И.Л. (37) од Богданци и влекач со седло „Даф“ со приколка со охридски регистарски ознаки управувано од Л.А. (59) од Охрид.
Во незгодата И.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.