Синоќа во 21,25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери- с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(41) од Скопје, патничко
моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Кадино-скопско, и патничко моторно возило „цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од с.Јурумлери-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.В., а со телесни повреди се здобил И.С. по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Десет минути претходно, во 21,15 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери- с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(30) од с.Долно Лисиче-скопско, и велосипед управуван од З.Б.(54) од с.Долно Лисиче- скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Б.,по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.