Во текот на вчерашниот ден, две скопјанки пријавиле дека биле каснати од кучиња скитиници.

Околку пладне во Полициската станица Центар, С.С. (48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11 часот на Плоштад „Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Синоќа во 21 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ш.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 08 часот на булевар „АВНОЈ“, населба Ново Лисиче, била касната од куче скитник во пределот на левата рака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.