Едно лице е повредено и се наоѓа надвор од животна опасност, а уште две се приведени по престрелката која претпладнево се случила во скопско Маџари. Според неофицијални полициски извори, во инцидентот учествувале две семејства кои од порано имале нерасчистени сметки.
Престрелката продолжила и по околните улици а неколку од куршумите завршиле и во возила на случајни минувачи.
Повредениот се наоѓа во стабилна состојба во една од скопските болници. Од МВР само потврдиле дека се случил ваков инцидент, но велат дека се уште не можат да изнесуваат детали бидејќи истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.