Од повредените во несреќата во Лесковац, двете патнички кои беа најтешко поврдени се борат за живот, откако на едната од нив состојбата ѝ се влошила, дознава „Блиц“.

Се работи за С.Т. и И.Ј., кои се хоспитализирани на Клиниката за анестезија и интензивна терапија во Ниш и кои и понатаму се приклучени на машина за дишење и животите им се загрозени.

Останатите четворица повредени кои се лекуваат во Клиничкиот центар во Ниш се вон животна опасност.

С.Т. има повреда на карлицата и е интубирана, но е во животна опасност. На машина за дишење е и пациентката И.Ј. која доминантно е загрозена поради фрактура на пршлен со заканувачка компресија на ’рбетниот мозок. Нејзината состојба е влошена и таа е животно загрозена.

Во единицата за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија се наоѓаат Р.Д. и пациентката А.К., кои се стабилни, свесни и вон животна опасност, изјавил директорот на Клиниката, проф.д-р. Радмило Јанковиќ.

Трагичната сообраќајка се случи во неделата околу 2 часот кога автобусот што сообраќал на релација Штип-Виена излетал од патот и се превртел. При тоа загинаа тројца, а 32 беа повредени.

Причините за несреќата се уште не се познати, иако се шпекулира дека е виновен возачот, кој исто така е повреден, но и дека друго возило ненадејно сопрело поради што автобусот за да го избегне излетал од патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.