Две 17-годишни момчиња биле повредени откако синоќа со мопед излетале од патот, на делницата од Кавадарци кон селото Брушани кај Тиквешко Езеро, во месноста викана „Модри стени“.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски изјави дека во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило момчето Д.С. кое го управувало мопедот „Гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки. Со телесни повреди се здобило момчето сопатник В.П. од Кавадарци.

На двете момчиња им била укажана лекарска помош во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.