Во саботата околу 22 часот на подрачјето на СВР Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објекти за превземање на мерки со цел откривање на прекроши по ЗППЈРМ како и други кривични дела.
Во еден угостителски објект е приведено едно лице за утврдување на идентитет, а при контрола во угостителскиот објект лоциран на улица „Илинденска“, сопственост на лицето Ф.Б. (41) од село Добридол, во ПС Гостивар приведен е сопственикот поради сомнение за нелегално вработување на странски државјани или злоупотреба на туристички престој.
Поради пречекорување на туристички престој во ПС-Гостивар приведени се странските државјанки – .А.Д. (42) и В.Д. (17) и двете од Молдавија, кои се задржани за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.