Вчера во 16:30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-с.Ново Село, поточно кај с.Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Фабиа“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(58) од Струмица и патничко моторно возило „БМВ“ со германски национални ознаки управувано од Т.М.(30) од с.Владевци, Струмичко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „Шкода Фабиа“ З.Ѓ.(64), а со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „БМВ“ Н.М.(58).
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.