Две лица во кумановското село Табановце утринава се пронајдени починати со повреди.Иако од рано утринава се шпекулираше дека станува збор за убиство и самоубиство, од Секторот за внатрешни работи не наведуваат таква информација.

Денеска (17.08.2021) околу 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во нивниот дом во селото Табановце, кумановско, биле пронајдени починати, со повреди,  Б.С.(36) и Б.С.(43) од селото Табановце, стои во соопштението на кумановската полиција.

Полициски екипи се на местото и во координација со ОЈО Куманово врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.