Сообраќајна несреќа се случи вечерва во 20:30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Песочан и Издеглавје, во која со повреди се здобиле две лица, објави Охрид Њуз.
Во незгодата учествувале две патнички возила, а две лица се пренесени во специјализираната болница „Св. Еразмо“. На местото на настанот во тек е увид кој треба да ги утврди причините за несреќата. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Повеќе детали за незгодата СВР Охрид најави во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.