Две лица се повредени во сообраќајната несреќа поради која вчера во прекин беше сообраќајот на патот Куманово – Свети Николе.
Како што соопшти МВР, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атар на с.Габреш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, со штипски регистарски ознаки, управувано од К.К.(57) од Свети Николе и товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(34) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.