Две лица, од кои скопканка потешко, се повредени ноќва во 02.00 часот на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ во скопско Влае.

Како што сооптши МВР, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во канделабра. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.А.(27) од Скопје, констатирани во Комплекс клинки „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен би увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.