Во текот на вчерашниот ден, две лица пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници во главниот град. Вчера околу полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.А. (37) од Скопје пријавил дека кај насипот на река Вардар во населбата Ѓорче Петров бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.
Околу 13 часот пак, во Полициската станица Центар, М.А. (20) од Крива Паланка пријавила дека на улица “Јужен булевар“ била касната од две кучиња скитници во пределот на двете нозе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.