Две лица се пренесени на скопските клиники во Ургентниот центар по несреќата што се случи попладнево во Карпош 1.
Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, во сообраќајната незгода, која се случила во 16:40 часот, учествувале две патнички возила, „цитроен“ и опел“.
Полицијата е на терен и врши увид, по што ќе се знаат повеќе детали за несреќата на крстосницата меѓу „Френклин Рузвелт“ и „Орце Николов“.
Повикувајќи се на сведоштва од присутните, „Сител“ јави дека возач на автомобил во алкохолизирана состојба удрил во друг автомобил. Се обидел да побегне од местото на настанот преку тротоар и удрил во дрво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.