Во текот на вчерашниот ден, двајца скопјани пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници.
Синоќа во Полициската станица Карпош, А.С. (39) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18 часот на ул. „Ванчо Мицков“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Околу 20 часот пак, во Полициската станица Карпош, Б.В. (64) од Скопје пријавил дека завчера околу 20.30 часот на ул.„Шекспирова“, бил каснат од куче скитник во пределот на десната подлактица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.