Апелациониот суд за тешката несреќа која се случи на пешачки премин во Струмица во април годинава, во која загина 20-годишната Верица Белчовска, донесе одлука момчето кое ја прегази па го напушти местото на несреќата да добие казна затвор од две години и шест месеци.
Адвокатката на семејството на Верица вели дека за родителите тоа е неприфатливо ниска казна и дека тие не биле известени за одржувањето на јавната седница.
– Минимална казна му е изречена на обвинетиот за две кривични дела. Судот беше должен да го цени фактот дека на пешачки премин засекогаш згасна млад живоот, рече адвокатката Сања Мирчов.
Семејството на Верица после нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи, тие рекоа дека со овој хуман чин нашле сили да продолжат напред.
Во првостепена постапка судот во Струмица досуди казна затвор од 15 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.