Две групи активисти на партијата СДСМ синоќа физички се пресметале во локал во Велес. Според информациите до кои дојде „Република“ синоќа околу 20.20 часот во ресторан Интернационал во Велес лоциран се степале Д.П., поранешен претседател на советот на Општина Велес и Д.К., близок со високи структури на СДСМ во Скопје.
-По долга расправија групите започнале да се тепаат во ресторанот полн со гости, меѓусебно тепајќи се и нанесувајќи си телесни, повреди. За време на настанот кај присутните гости настанало чуство на несигурност и страв кои го напуштиле веднаш ресторанот. Учесниците во тепачката кршеле чаши и шишиња. По физичката преметка едно од лицата се јавило во итната медицинска помош во Велес и од таму настанот е пријавен во Полицијата – вели нашиот извор.
Според неофицијалните индормации бидејќи се работи за високи и влијателни луѓе во партијата од страна на Високи раководители на СВР Велес бил вршен е силен притисок настанот да се заташка и заборави и воопшто ништо да не биде заведено во билтенот. Иако има и докази и сведоци за настанот, а објектот во кој се тепале има видео надзор, се молчи за настанот. Во билтенот на МВР се уште гонема никаква информација за инцидентот во Велес.
Дали внатрешната контрола ќе ги провери ваквите сознанија? Дали јавното обвинителство ќе издаде наредба за обезбедување на видео снимките од локалот, кои, според нашиот извор, веќе се обезбедени, но за нив се молчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.