Наташа Димитриевска, сопругата на тетовецот Гоце Димитриевски, кој пред повеќе од две години загина во сообраќајната несреќа кај „Млечен ресторан“ во Скопје, на Твитер објави дека Апелацискиот суд ја изменил првичната пресуда за условна казна за виновникот за несреќата.

Како што пишува Димитриевска, со новата пресуда виновникот ќе оди две години во затвор, а добил и забрана за управување со возило во времетраење од две години.

Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото – напиша Димитриевска.

Димитриевски (32) загина кога тој и неговата бремена сопруга Наташа, кои се возеле на мотор, беа удрени од џип, управуван од тогаш 61-годишниот Васил Чорбаџиев, кој преминал преку две полни линии, вртејќи во забранет правец.

Наташа беше тешко повредена, а како последица на несреќата го загуби бебето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.