Вчера околу 15 часот вработен во Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ пријавил дека на улица „Македонска преродба“, општина Ѓорче Петров, додека работници собирале смет, до контејнер пронашле две, според пријавеното, експлозивни направи.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека станува збор за две употребени чадни бомби, кои покрај контејнерот ги оставил С.С. (62) од Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.