Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против две девојки за лоупотреба на лични податоци.
Во првиот случај, Л.Б.(29) од Вевчани во текот на јануари оваа година неовластено презела и обработувала фотографии на две лица, по што ги објавила на нејзиниот лажен „Фејсбук“ профил и постирала коментари со недолични содржини.
А.В.(29) од Охрид, пак, во периодот од октомври 2018 до 12 февруари годинава, креирала профили со лични податоци од С.Д. од Охрид, на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, без претходна согласност од него, по што од тие профили комуницирала со негови пријатели и роднини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.