Две малолетни девојчиња се повредени откако врз нив паднала лулашка за време на роденденска забава во двор на угостителски објект во селото Борисово.
Според соопштението на СВР Струмица, девојчињата биле пренесени во струмичката болница, каде што им била укажана лекарска помош, а настанот бил пријавен вчера во 18:30 часот во Полициското одделение во Ново Село.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.