Денеска во 11:15 часот избувна пожар во станбена зграда на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово. Според СВР Тетово, во пожарот се повредил сопственикот на станот, 24-годишниот А.С, и други 11 лица.
Во пожарот, А.С.(24) кој сам живеел во станот задобил изгореници, додека 11 други лица од зградата почувствувале проблеми од чадот и сите се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Во тек е увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово – велат од СВР Тетово.
Според информациите причината за пожарот е експолозија на плинска боца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.